Конзерванси се вообичаена состојка на речиси сите производи кои ги користиме во секојдневниот живот. Капките за очи исто така, често ги содржат. Нивната главна улога е да го заштитат производот и да спречи бактериска контаминација, а со тоа и расипување на производот.
Доколку е тоа возможно, во офталмолошките производи подобро е да се избегнуваат конзерванси, затоа што доаѓаат во контакт со површината на окото, рожницата и конјуктивата. Во производите што содржат конзерванси, нивната концентрација е мала и строго се следи, но прашање е колку тие дејствуваат кога производите се користат континуирано со текот на времето.
Некои од најновите истражувања покажуваат дека конзервансите во офталмолошките производи кои се користат подолг временски период може да имаат негативен ефект врз површината на окото, може да предизвикаат синдром на суво око и иритација. Значи, подобро и побезбедно е да се користат производи без конзерванси.
OCUhyl C е производ кој не содржи конзерванси. Безбедноста на производот е загарантирана со специјално дизајнирано шишенце што спречува производот да дојде во контакт со воздухот, а со тоа и со бактериите - така што не се можни контаминација и расипување на производот.